Често се случува да наидеме на некои игри кои сеуште не се излезени, но зрачат со огромен потенцијал. Pine Hearts и Pyrene се две такви игри. Како инди игри, и едната и другата покажуваат храброст во пробување нешто ново и експериментирање со невообичаени механики.
Од една страна, Pine Hearts се прикажува како симпатична наративна авантура која ви дозволува да истражувате огромен шаренолик свет, да создавате значајни пријателства, како и да отклучувате корисни алатки и способности.
Играта се целосно фокусира на наративен фокус кој се темели на љубов. Овие силни емоции произлегуваат од силни и здрави семејни и пријателски врски кои се паметно испреплетени со механики за напредување како од Zelda игрите. Покрај ова, ќе наидете и на крајно предизвикувачки загатки.
Од друга страна, Pyrene е игра чиј гејмплеј се заснова на градење и користење шпилови од карти со моќни единици, артефакти, реликти, магии и способности.
Експериментирајќи со најразлични ликови, ќе осмислувате критични стратегии за да ја уништите легијата демони и за да успеете да ја обедините вашата заедница.
Реликтите и картите кои ќе ги откривате ќе можете инстантно да ги вметнувате во вашите шпилови, а посебен акцент ќе се дава и на уникатните локации и обновување на вашето село.
Во случај да живеете за моментот и сакате веднаш да одиграте нешто, би сакале да ви го насочиме вниманието на Project Apidom.
Се работи за бесплатен екстракшн шутер сместен во апокалиптична иднина каде се борите против најразлични непријатели. Во оваа игра, која е дел од раниот пристап на Steam, интересно се комбинираат борбени механики кои потсетуваат на MOBA, со интересни RPG елементи.
На располагање имате уникатни класи, со впечатливи способности и оружја. На играта ќе се работи најмалку година дена и се ветуваат многу повеќе стази, босови и можности за крафтање.