Поминете го претстојниот викенд со Arma 3, Day of Infamy или Last Epoch

За викендот, пробајте правилно да се опуштите во исчекување на првомајските празници со некоја од следниве бесплатни игри.

Arma 3 е една од најреалистичните модерни, борбени пукачки игри во прво лице. Со тројката, Bohemia Interactive има осмислено наслов кој ќе ги тестира не само вашите рефлекси туку и трпеливост и способност за донесување тактички одлуки. Основната игра е бесплатна целиот викенд, заедно со уредничките алатки за сценарија, како и сите мрежни режими. За време на пробniot период, играта се продава со 66% попуст, односно за 12 евра. Дел од додатоците се исто така на продажба.

Day of Infamy е игра која ви ја препорачуваме ако не сте нити по модерни шутери ниту по преголема реалност, како во случајот со Arma 3. За време на бесплатниот викенд период, можете да се втурнете во експлозивни мрежни пресмети кои го покриваат периодот од Втората Светска Војна. New World Interactive се изјаснија дека на последниот бесплатен период, се приклучиле над 200 000 гејмери и, очекувајќи слична бројка и овојпат, имаат подготвено бројни наградни игри и побрзо добивање искуствени поени.

Last Epoch е вашата стандардна акциона RPG игра со огромен фокус на собирање плен. Играта е моментно на Kickstarter и од бараните 210,000 долари има соберено 83 000 долари. Со оглед на тоа дека до крајот на кампањата има уште 19 дена, дефинитивно искористете го викендот да го проверите демото за Last Epoch и да видите дали е ова игра за вас. Љубителите на игри како Diablo, Path of Exile или titan Quest има што да најдат тука.

Defiance 2050 го организира второто бета тестирање и доколку сакате да видите како изгледа овој хибрид на Borderlands и Destiny, но во ново графичко руво и со бројни промени во класниот систем, побарајте пристап до бетата на официјалниот сајт или од наградната игра на PCGamesN. Шансите да влезете во бетата се огромни.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk