0 коментари 2 мин. читање 30 април, 2018

Ворен Бафет: „Купувањето биткоин не е инвестирање, туку коцкање“

Ворен Бафет важи за еден од најголемите инвеститори на берзата. Поради неговото влијание, неговите коментари често знаат и да влијаат на тековите на березата. Г. Бафет смета дека инвестирањето во криптовалути не е вистинско инвестирање, туку е коцкање.

Без сомневање, реуптацијата на речиси беспрекорен прогнозер на берза ја заслужил со безброј инвестиции во минатото. Дали ова ќе придонесе дел од инвеститорите во криптовалути да се премислат, останува да видиме.

„Луѓето купуваат двa типа на работи, едното од нив е инвестирање, другото не е. Ако купите нешто: фарма, апартман или дел од компанија… Погледнете го она во што сте инвестирале, дали ќе ви донесе нешто назад. Што произведува фармата; колку заработува компанијта; не ви треба берза за да го прави ова. Може да си ја направите проценката и самите. Ова е одлична инвестиција, го гледате она во што сте инвестирале и очекувате заработка.

Ако го разгледате биткоин или било која друга крипто валута, успевате да заработите единствено ако следниот купувач сака да плати повеќе, а тој ќе инвестира ако смета дека некој по него ќе плати повеќе…

Ако биде забрането тргувањето со фарми , секогаш ќе може да купите фарма и да имате супер инвестиција… Но, ако забраните тргување со криптовалути луѓето ќе кажат, па зошто да купувам?“, вели г. Бафет за Yahoo Finance.

Можеби г. Бафет не е убеден во вредноста на криптовалутите, но дел од технолошките компании ја прифаќаат блокчејн технологијата. Секако овие се две различни работи, иако блокчејн се користи за креирање на криптовалути, сепак технологијата ќе продолжи да функционира и без нив.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top