Белгија одлучи, „loot boxes“ се игра на среќа

Дел од игрите ќе мора да пронајдат нов начин за заработка. Судот од Белгија пресуди дека во гејминг индустријата нема простор за платена награда по случаен избор. Поточно, судот е убеден дека кутиите може да се сметаат за игра на среќа, и ќе ги забрани.

Дополнително, судот е сериозен во својата намера да ја запре оваа пракса. Развивачите на видеоигри кои практикуваат заработка или дополнителна заработка од продажба на „loot box“ се соочени со 800.000 евра парична и затворска казна до 5 години, јави Ars Technica. Одлуката се однесува на 3 игри: Overwatch, FIFA 2018 и Counter Strike: Global Offensive. Овие игри мора да ги отстранат овие кутии или да ја променат содржината. На пример, судот ја разгледуваше истата пракса и во Star Wars: Battlefront II, но одлучи дека последните промени кои ги направиле се доволни да не бидат во оваа група.

Интересен ќе биде одговорот на овие компании. Првата одбана беше дека развојот на игрите е скап. Па, заработката од продавање на овие дигитални добра овозможува цената да биде пониска. Без разлика, „кутииите“ ќе мора да се отстранат.

Оваа одлука во Белгија доаѓа по истата одлуката која ја донесе Холандија. Речиси без сомневање истата одлука ќе се преслика и во останатите држави членки на Европската Унија. Во САД легалноста на „кутиите“ ја разгледуваат Хаваи, Вашингтон, но и Сенатот на САД.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk