0 коментари 2 мин. читање 6 септември, 2016

Полнете го мобилниот со помош на соларен ранец

Оние кои постојано патуваат често се имаат затекнато во ситуации каде телефонот или таблетот им е испразнет, а немаат можности за полнење на батеријата. За такви ситуации, компанијата BirkSun има на понуда ранец кој ги користи потенцијалите на соларната енергија за да ги наполни вашите уреди.

birksun-solar-backpack2

Ранецот се одликува со преден панел кој ја апсорбира сончевата енергија и ја складира во мала батерија. Според произведувачот, целосно наполнета батерија може да наполни iPhone еден-и-пол пати, што е исклучително корисно во ноќните услови. За време на денот, пак, соларниот панел паметно ги складира и надополнува резервите на батеријата. За уште поголема флексибилност или во услови на облачност, можете батеријата во ранецот предвреме да ја наполните, односно со приклучување на електричен извор.

Што се однесува до самиот ранец, можевме да забележиме дека се одликува со две клучни прегради, едната од нив предвидена за вашиот лаптоп, а другата со најразлични додатоци. Материјалот е водоотпорен и издржлив и доаѓа во шест бои. Единствена забелешка би била можеби превисоката цена од 250 долари, но од техничка гледна точка, дефинитивно е одлично решение доколку некогаш се решите да истражувате и да не се грижите за отсеченост од електричните направи. Нормално, поевтина и по креативна алтернатива би било да купите соларен панели и да пробате сами да го прилагодите. :) Или, со зборовите на талентираниот “американски хакер”…

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top