1 коментар 2 мин. читање 6 септември, 2016

Сериозен безбедносен пропуст во 9.3.5 верзијата на iPhone, Apple издаде закрпа

Безбедносен пропуст во iOS „закрпен“ со последната iOS 9.3.5 надградба на оперативниот систем, можеби со години овозможуваше следење на некои корисници.

Еден од најславните активисти од Обединетите Арапски Емирати, Ахмед Мансур за малку ќе беше жртва на пропустот.

„Утрото на 10 август, Ахмед Мансур, 46 годишен активист од Обединетите Арапски Емирати, доби чудна порака, од број, кој не го препознаваше на неговиот iPhone.“, вели Motherboard.

Пораката ветуваше дека испраќачот има нови снимки на мачење во затворите. Но линкот од пораката, водеше до софтвер што ќе го пробиеше телефонот, ќе инсталираше малициозен софтвер со кој: може да се читаат криптираните пораки; да се вклучи микрофонот на уредот; и да го следи движењето на г.Мансур.

image13-768x706
Image courtesy of CitizenLab

За среќа тој се посомнева во пораката, и наместо да ја отвори ја испрати во канадската безбедносна компанија, Citizen Lab.  Компанијата откри дека станува збор за сериозен пропуст, го нарече „Trident“, а податоците веднаш ги испратија во Apple. Софтверот користен во нападот е Pegasus, креиран од израелската компанија NSO Group.

Веста за пропустот е јавно достапна откако Apple експресно издаде верзијата на iOS со која се надминува пропустот. Ова секако се добри вести, но лошата вест е дека пропустот е од iOS 7. Ова е навистина долг период, а речиси без сомневање е искористен и претходно.

„Сфативме дека гледаме нешто што не сме виделе досега. Буквално клик-на-линк-џејлбрејк за iPhone, во еден чекор. Ова е еден од најсофистицираните софтвери за шпионажа кои сим ги видел.“, вели безбедносниот експерт Мајк Мареј.

Mansoor-LI-Targeting-2
Image courtesy of CitizenLab

 

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top