Пол Грахам за Y Combinator: „Средношколците и студентите имаат попаметна работа од основање стартап“

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Image courtesy of Y Combinator / Youtube

Најдобро за Y Combinator ќе биде да престане да инвестира во средношколци и студенти, смета „серискиот“ претприемач и основач на YCombinator, Пол Грахам. Причината за ова не е евентуалниот неуспех на овие компании, туку фактот дека средношколците и студентите имаат попаметна работа.

„Луѓето кои започнуваат компании премногу млади влегуваат во прерана оптимизација. Кога сте во средно школо, па и на колеџ, треба да го искористите времето да разгледате кои се опциите, не да одберете една и да се фокусирате на неа… Добро е да се обидете со куп работи на почетокот на дваесеттите години. Без разлика дали ова е колеџ или нешто друго“.

Дополнителен проблем е што креирање на успешен стартап уште како тинејџер многу рано го зацртува животот. Креирањето на успешен стартап бара потполна посветеност.

Ова не беше единствена тема на интервјуто на г. Грахам. Тој се осврна на уште неколку работи, кои се некакви „митови“ кај дел од луѓето:

  • Конкуренцијата многу ретко е причина за неуспех на стартапот. Најчесто лошо планирање, лошо извршување се пресудни за неуспехот. Само еден од 1900 стартапи пропаѓаат поради конкуренти.
  • Најважна карактеристика на претприемачот и основачот на стартап е решителноста. Без решителност претприемачот е генијална, но неефикасна личност.
  • Можеби помало изненадување, одбивноста кон некои обврски е позитивна карактеристика кога технологијата е во прашање. Одбивноста кон некои обврски кои основачот ги смета за здодевни може да донесе поелегантно решение.
  • Можеби не е изненадување, но г. Грахам смета дека луѓето кои работеле 20 години во големи компании, не се материјал за основачи на стартапи. Секако има простор за исклучоци.
  • Изборот на коосновачи е понекогаш клучен за успехот. Секако брилијантните ко-основачи носат значителна вредност за стартапот. Но, исклучително важни се и продуктивните поединци. Сепак кога ко-основачите се во прашање, најважна е довербата помеѓу идните партнери.

Целото интервју може да го погледнете во видеото.

 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments