Велика Британија, САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат дупки во криптирањето

во Вести

Пет држави членки на „Five Eyes“ побараа од компаниите да остават некаков законски пристап до криптираните податоци. Ако ова не биде реализирано, ќе бидат донесени законски измени кои ќе ги обврзат компаниите на оваа измена, пренесе Register.

Five Eyes е разузнавачки сојуз од Австралија, Канада, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и САД. По средбата која се одржа во Австралија, претставниците на државите испратија соопштение во кое ги обвинуваат технолошките компании дека криптирањето ги става во опасност правните механизми на демократските општества.

Групата не побара оставање на „заден влез“ кој би можел да ја наруши безбедноста, но побара да биде обезбеден некој начин со кој ќе може да дојдат до криптираните податоци.

“Законите за приватност мора да спречат случајно и незаконско мешање, но приватноста не е апсолутна”, велат од Five Eyes.

Од сојузот додаваат дека очекуваат дека не секогаш ќе може да биде пробиено криптирањето, но овие исклучоци мора да бидат реткост.

Агенциите не може да дојдат до податоците од криптираните разговори дури и кога имаат налог за претрес. Дел од компаниите за да направат безбедна верзија на софтверот и да ја заштитат приватноста на корисниците воопшто, не ни имаат начин да ги дешифрираат податоците. Додавањето на било каква дупка во софтверот не само што ќе обезбеди пристап до податоците на агенциите за контраразузнавање, ќе им овозможи пристап и на сите други. Со додавањето на „задна врата“ во софтверот ќе остане единствено прашање на време пред да дојде во раце на онлајн криминалец. Потоа ќе имаме веќе видена ситуација, криминалците имаат нова алатка на располагање.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments