Pokemon Go руши рекорди, заработи 200 милиони долари за само еден месец

Лудилото кое го зафати светот предизвикано од носталгија и проширена реалност, Pokemon Go за само еден месец, на Ninantic им донесе 200 милиони долари.

Видеоигрите за паметни телефони и рачни конзоли „тежат“ 36,9 милијарди долари. Pokemon Go е една од најпопуларните апликации за телефони, а само во јули играта заработуваше над 10 милиони секој ден.

Претходните Pokemon видеоигри кои излегоа кога беше популарна серијата, никогаш не дојдоа ниту блиску до оваа сума ниту пак популарност. Играта не нуди заработка само за развивачот Niantic, туку веќе постојат бизниси кои нудат левелирање и ловење на покемони за паричен надоместок.

Интересно е што најголемиот дел од играта сè уште не е излезен. Епските покемони едвај и да се појавиле, а тоа беше еден од клучните делови на првото претставување на играта. Дополнително, иако најголем дел од љубителите на покемоните веќе ја инсталираа играта, Pokemon Go официјално не е достапна во добар дел од државите, вклучувајќи ја и Македонија.

Успехот на Pokemon се должи најмногу на носталгијата и сеќавањата на играчите по едно минато време. Во моментов освен собирање на сите покемони играта не нуди премногу, но Niantic ветуваат дека наскоро ќе има Pokemon-борби и трговија со покемони, но и нови покемони.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments