Погледнете како „Скопје Расте“ со оваа веб платформа

СкопјеРасте“ е интерактивна платформа која го прикажува изминатото, сегашното и иднито урбанистичкото планирање на скопските четврти Дебар Маало и Буњаковец. Проектот има за цел да поттикне дебата за растот на градот на визуелен начин кој е „подеднакво разбирлив и за граѓаните и за експертите“.

„Овој истражувачки проект беше инспириран од идејата дека вистинско и значително учество на граѓаните е единствено можно само ако тие имаат навремен пристап до плановите на градот на разбирлив и достапен начин.“, велат здружението Реактор и архитектонското студио Архитектри кои го креираа сајтот.

Како што е објаснето на сајтот, платформата ќе овозможи хронолошко информирање за промените кои се случуваат во двете населби. Прикажан е и урбанистичкиот план за 2020-та година со кој ќе се презентира како ќе изгледа градот доколку сегашниот план се исполни.

Новиот генерален урбанистички план на Скопје е донесен неодамна, велат креаторите на платформат, и општините ќе треба да ги усогласат деталните планови најдоцна до 2017 година. Тие бараат процесите да бидат многу потранспарентни, а за тоа ќе помогне оваа платформа која ќе понуди можност за поинаква дебата со жителите во тек тие процеси. Но, и дека оваа платформа ќе помогне при „едукација на граѓаните оваа платформа ќе обезбеди социјална мрежа посветена на урбаната демократија“.

„Сајтот е достапен за сите и се надеваме дека ќе им користи на постојните жители на овие градски четврти кои сакаат да знаат што се случувало на нивните парцели во 90тите години, како и на сите следни жители кои сакаат да бидат информирани за тоа што ги очекува во иднина.“, вели Ива Димовска, член на тимот зад Skopjeraste.com. „Се надеваме дека во иднина опфатот ќе се збогати со нови населби и дека со време ќе собереме информации за цело Скопје, иако тоа е процес кој ќе треба да се работи со години. Во меѓувреме, најверојатно за овие опфати ќе се собираат и дополнителни податоци, во зависност од интересот. Во интерес на жителите на град Скопје е проектот да стигне до Општина за да го добие потребното внимание и дополнително да се развива.“

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
@ProbePLayer
13 years ago

pa ne bi ja narekol bas 3d.
opcijata za izometricno crtanje na zgradite ne ja pravi 3d. za taka, i diablo 1 e 3d igra.

bez lutenje, ama nisto ne se dobiva so pogresno pretstavuvanje na prozivodot.