Mozilla претстави Firefox телефони кои програмерите можат да ги нарачаат и да започнат да прават апликации за новата мобилна платформа. Ова се тест уреди кои ќе служат да се тестира оперативниот систем пред да излезе. Сè уште нема цени на телефонот изработен од шпанскиот стартап GeeksPhone, но се знае дека првите телефони официјално ќе бидат достапни следниот месец.
Освен што телефоните се претерано портокалови, тие имаат 3,5-инчен HVGA екран на допир, 1 GHz процесор, 512 мегабајти RAM, 4 GB ROM, Wi-Fi поддршка и 3-мегапиксели камера. Секако дека спецификациите се лоши споредено со тоа што се продава комерцијално, но овие уреди се наменети за програмерите да го тестираат новиот мобилен ОС и да креираат HTML5 апликации кои ќе функционираат. Најверојатно ова се минималните спецификации кои ќе ги има еден Firefox телефонот.
Доколку ве интересира како изгледа мобилниот Firefox OS, погледнете ги овие слики и детали.
