Погледнете го најлудиот празничен проект, Дупка без дно на Cards Against Humanity

0 коментари 2 мин. читање

Најверојатно сите се сеќавате на салатата од компири, проект во кој илјадници корисници собраа 55.000 американски долари. Парите подоцна се пренаменија во хуманитарни цели, но оригинално идејата беше единствено „салата од компир“.

Сепак оваа година најверојатно го имаме и епски најдобриот најлудиот празничен проект. Cards Against Humanity, играта со карти дизајнирана од The Oatmeal, оваа година заврши со својот проект „Празнична дупка“. Овој проект на креаторите на популарната игра доби финансии од 100.573 американски долари. Кампањата заврши на Cyber Monday со прибрана значителна сума.

Ако помисливте дека овие средства ќе одат во добротворни цели или ќе бидат пренаменети за нешто друго, грешите. Компанијата објасни дека сите средства ќе одат единствено на копање на подлабока дупка. Дупката се наоѓа некаде во САД. Ова е вообичањена пракса на креаторите на Cards Against Humanity кои секоја година продаваат некоја будалеста работа.

Сè започна пред неколку години кога компанијата ги покачи цените на своите производи за Црниот петок; следната година продаваа кутии со глупости, а заработката одеше во добротворни цели; лани продаваа ништо (празни кутии) за 5 долари и заработија околу 70.000, овие пари ги разделија на вработените и им платија одмор на вработените во печатницата во Кина.

Засега нема најава за поделување на овие средства во добротворни цели, а од Cards Against Humanity велат дека ако сакале да ги донираат парите требале тоа да го направат самите.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top