0 коментари 2 мин. читање 26 мај, 2017

Поедноставен и поточен начин за евалуција на рекламите – Google Attribution

Google најави нова бесплата алатка, Google Attribution. Алатката ќе овозможи едноставен и брз начин за проценка на ефектите од рекламите.

Најголем дел од компаниите во рекламните кампањи не анализираат повеќе од последниот клик. Тоа за нив е најважиот скок бидејќи го носи корисникот на нивната страница подготвен за купување или претплата.

Дури и во онлајн рекламите ова најчесто не е единствена реклама која ја гледа корисникот. Уште поважно, ова не е единствената реклама која влијае на одлуката на купувачот, па така последниот клик нема толку клучна улога колку што агенциите сакаат да му дадат.

Новата алатка благодарение на вештачката интелигенција ќе им помогне на маркетинг агенциите многу подетално да знаат како учествува секој дел од рекламите. Видео реклмите, банерите, имејл рекламите и сите други материјали заедно придонесуваат за последниот клик. Нема логично објаснување зошто само последните реклами да бидат забележани, вели TechCrunch.

Google Attribution го следи целиот пат до последниот клик. Алатката овозможува и ја мери „тежината“ на секој од чекорите, проценувајќи ја важноста на секој од нив.

„Ги броиме кликовите. Можеме на пример да видиме колку од конверзациите се од друштвените мрежи“, вели Бабак Палаван од Google.

Алатката на крај на маркетинг агенциите треба да им презентира јасна слика и можност за поиздржана цена/бенефит анализа. Засега функционалноста е во бета и ќе биде достапна до крајот на годината. Најавено е дека алатката за најголем дел од корисниците ќе биде бесплатна, иако помоќна верзија Attribution 360 доаѓа за почетни 150.000 долари, вели Adage.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top