Македонското студио за анимирани филмови Lynx Animation, започнува обука за основи на 2Д анимација. Станува збор за специјализиран курс со ригови, а сите заинтересираните може да се пријават.
Од Lynx велат дека доволно е кандидатите да ги исполнуваат следните услови:
- Завршено средно образование или високо образование;
- Заинтересираност за анимација;
- Не е задолжително, но е пожелно да се поседува дигитален таблет за цртање;
Заинтересираните треба да се пријават до 15.јуни. Обуката започнува од моментот кога кандидатот е избран, и трае помеѓу 2 и 4 недели, во зависност од брзината на кандидатите и нивниот искуство. За време на тренингот ќе се користи софтверот TOON Boom Harmony.
Заинтересираните своите податоци треба да ги испратат на lynxanimationstudio ат gmail.com. За дополнителни податоци контактирате ги Lynx на нивната facebook страница.