Престојот на најмладите пациенти во болниците знае да биде студено и непријатно искуство. Кога децата ќе се извадат од нивниот природен елемент и ќе се најдат помеѓу четири непознати ѕидови, се заканува трауматично искуство. За се избори со ова и да се понуди што е можно поинтересно и порелаксирачко искуство, решение се бара во различни работи, неисклучувајќи ги и роботите.
Роботот Робин е секогаш тука да помогне!
Со вакво мото и футуристички, пријатен изглед од кој произлегува милозвучен глас, децата немаат никаква причина да не веруваат на роботот. Робин е способен да ги препознава емоциите на децата и соодветно да се справува во различни ситуации. Со пријатниот дружељубив став, лесно го намалува и стравот и стресот кај децата и допринесува до значително подобра соработка помеѓу пациентите и медицинските лица.
Роботот Робин првенствено се препорачува за во стоматолошки ординации и болници, а интересно е тоа што може да биде управуван од медицински лица. Преку користење на интерфејсот на роботот вистинското лице го набљудува пациентот преку камера и комуницира со него.
Самите пациенти слушаат најразлични прашања на роботот и одговараат, може да играат интерактивни игри, како дување глуварчиња, да добиваат објаснувања за медицинските процедури и да се забавуваат преку најразлични видеа и песни.