0 коментари 3 мин. читање 1 јули, 2020

Подгответе се за уште еден онлајн гејминг турнир

Добра вести за сите љубители на еспорт и гејминг, и најмногу за љубителите на Counter Strike. Македонската еспорт асоцијација организира турнир во Counter Strike: Global Offensive. Најдобрите играчи од 1 јули (среда) до 5 јули (недела) ќе се натпреваруваат за титулата најдобар CS тим во Македонија. Социјалната дистанца и престојувањето дома се активности кои се од исклучителна важност во спречувањето на ширење на корона вирусот, па МеСФ се одлучи за уште еден турнир. Преносот ќе оди во живо на најпознатата платформа за стриминг на видео игри Твич – Twitch.tv/mesa_esports.

„Гејминг и еспорт сцената имаат голем потенцијал да го олеснат секојдневието во овие уникатни периоди, покрај изворот на забава, видео игрите имаат и голема социјална моќ и можност да ги зближат луѓето. МЕСА со своите поддржувачи активно ја демонстрира оваа нова реалност и ја унапредува положбата која видео игрите ја имаат во македонското секојдневие. Моќта на гејмингот беше препознаена и од Светската здравствена организација која од почетокот на оваа година во соработка со популарни лица од гејминг сцената создаде интернет кампања под мотото #PlayApartTogether. Како и на глобално ниво, така и кај нас видеоигрите и еспортот земаат огромен замав последниве години. Ова е несомнено индустријата на иднината и оваа реалност се докажува со постојано зголемување на гејминг заедница помеѓу луѓе кои делат иста пасија и љубов. Домашната сцена штотуку почнува да добива структура како и континуирани и компетентно организирани настани кои дополнително помогаат во етаблирање и афирмирање на гејмингот како двигател во општеството.“ – вели Константин Пејоски, претседател на Македонската еспорт асоцијација.

Гореспоменатите онлајн турнири ќе се одржат од 01.07.2020 (среда) до 05.07.2020 (недела) и ќе можат да се гледаат во живо на twitch.tv/mesa_esports. Преносот во живо за време на работната недела, односно од среда до петок ќе започне од 18:00 часот, додека почетокот на стримот за викенд (сабота и недела) ќе започне од 11:00 часот. Победниците ќе бидат наградени преку поддршката од спонзорите на настанот: EU House и Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Нексио, Неотел, Галерија, Pizza Jakomo и GG.MK.

Како и во светски рамки, во последните неколку години гејмингот во Македонија доживува огромен подем. Огромнен број на гледачи и љубители кои ги следат овие натпреварувања дополнително додава на афиримирањето на натпреварувањето во видеоигри како спорт, а бројот на гледачи до 2021 година е предвидено да се искачи на 250 милиони љубители на ваквиот вид натпреварувања.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top