Неколку компании меѓу кои и Samsung, откако ги “опаметија” часовниците и алките на рака, се решија да се префрлат и на развој на паметни, автономни правосмукалки. Кога автомобил може сам да вози, зошто не и правосмукалката сама да го чисти подот?
Иаку роботските правосмукалки со сензори за простор не се ништо ново за познавачите на оваа индустрија, кои можеби ќе се присетат на сега далечната 1997 година кога Electrolux го претстави уредот Trilobite кој беше првиот прототип на автономна правосмукалка, овој тренд никогаш вистински не доби моментум, а виновикот за тоа беше посочен во превисоките цени за овие уреди.
Првата автономна правосмукалка во 1997, Trilobite на Electrolux
Но со оглед на брзината со која напредува а воедно и поевтинува технологијата, се чини дека неостварената желба овие правосмукалки да бидат во секој дом на производителите Electrolux, Dyson и iRobot кои се први кои експериментираа во оваа област уште од 2001, односно 2002 година, полека станува реалност.
Моментално најпопуларен уред во полето на автономни правосмукалки е Roomba-та на американската компанија iRobot која е достапна во повеќе модели, а од она што неодамна го забележавме компанијата започнала експанзија на повеќе пазари, па дури е достапна и на нашиот пазар (засега ги забележавме овие уреди во Хубо-Реплек маркет по цена од 30-40.000 ден зависно од моделот).
И покрај фактот дека цената сеуште е доста висока за една правосмукалка, треба да се земе во предвид фактот дека денеска британскиот производител Dyson претстави своја нова верзија на автономна правосмукалка наречена 360 Eye која се очекува да биде сериозен конкурент на Roomba-та на iRobot.
А по некоја случајност, и Samsung се реши да инвестира во овој пазар и денеска исто така го претстави својот адут во оваа индустрија наречен Powerbot VR9000.
Зголемената конкурентност, посериозниот пласман и зголемувањето на популарноста на ваквите уреди може да значи само едно – нивна помасовна достапност и намалување на цените, особено ако се земе во предвид фактот дека кинезите веќе почнаа со свои верзии на автономни правосмукалки.
Овие се излезени и се користеа уште пред “опаметените” часовниците и алките на рака :)
Незнам зошто сега ги промовирате како нешто најново, можеби затоа што не беа застапени на пазарот?!
@developer и @Нема,
Во текстот јасно стои кога прв пат се појавиле овие уреди, суштината на текстот е дека сега конечно земаат поголем замав и стануваат подостапни за сите. Нешто слично ко историјата на таблет компјутерот…
Овие правосмукалки светот ги користи многу години пред нас, ништо ново.