
Ретко кој може да остане рамнодушен на добар мим. Но, доколку не користите одредена апликација, создавањето мимиња знае да одземе време и енергија, a и бара да имате одредени познавања, доколку сакате да изготвите квалитетен мим. Memix е апликација која одзема исклучително малку од овие две работи, не бара никакви претходни познавања, а резултатите се изненадувачки добри!

Како апликација за Android или iOS, Memix е исклучително позитивно прифатена од заедницата, поставувајќи се високо на листата со 4.3 оценка на Google Play.
Откако ќе ја инсталирате и покренете апликацијата, сѐ што треба да направите е да го внесете саканиот текст во соодветните полиња и да одберете некоја од бројните понудени позадини за мимчето. Штом допрете опција што ви се допаѓа, ќе излезе поголема верзија со дополнителна можност за корекција на текстот, како и опции за сочувување или споделување на резултатот преку некоја друга апликација.
Употребата на апликацијата Memix – Make memes fast е бесплатна, но е со воден жиг. Можете да сте ослободени од оваа „ограничување“ месец дена само доколку тројца ваши пријатели го искористат вашиот линк и го инсталираат програмот и на нивните направи.
Коментари
Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.