#Подаруваме! Форумот на IT.mk донира за добротворни цели

во Блог, ретро

Се ближат празници, и веќе форумџиите на IT.mk влегуваат во празничен дух на подарување на хардвер на деца и студенти кои треба да се вклучат во модерното информатичко општество. Започната од членот Vlavot, добротворната акција е веќе поддржана од десетина членови кои подаруваат куќишта, тастатури, процесори, RAM мемории кои ќе бидат склопени во цели конфигурации и подарени на деца и ученици.

Веќе има делови за пет конфигурации со монитори кои треба да се тестираат дали работат, вели SiPy кој волонтираше да ги организира донациите. „Секој кој што се огласи во темата дека ќе донира може слободно да ме побара на телефон и ќе се договориме за да ги собереме деловите кај мене, а јас потоа ќе ги проследам до СОС детското село“. Секој што има вишок функционален хардвер и што сака да помогне може да го контактира SiPy за донациите. Планот е до следна недела да се склопат конфигурациите.

За контакт со SiPy ќе треба да се регистрирате на форумот. Бесплатно е.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] форумот. Во декември, 2015-та се организираше акција за подарување на конфигурации за децата од СОС детско сел…, а година дена претходно, форумџиите подаруваа […]