Под притисок на вработените Google го прекина проектот за цензуриран пребарувач во Кина

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Google престана да го развива пребарувачот за Кина. „Project Dragonfly“ е запрен под притисок на вработените на кои не им се допаѓаше идејата за развој на цензурирана верзија на пребарувачот.

„Крајот на проектот е голем удар за раководството на компанијата, вклучувајќи го и претседателот на компанијата Сундер Пичај, кои последните две години го направија проектот за Кина најголем приоритет“, вели Intercept.

Проектот беше развиван во тајност, но пред неколку месеци веста излезе во јавноста, а речиси веднаш започнаа и протестите на вработените. Главна причина за протестите е овозможувањето на цензура на податоците на барање на властите во Кина. За развој на пребарувачот Google го користеше 265.com кинеска верзија на Google, која од 2008 година е во сопственост на Google. Компанијата од овој сајт ги следи навиките на кинеските корисници и развиваше модел за нив. Секако податоците од оваа страница во кои беа и пребарувањата, им ги испраќаа на Baidu.

Податоците од 265.com на инженерите во Google им помогнаа за развој на Project Dragonfly. Компанијата проверуваше милиони страници за тоа дали ќе се појават во листата на корисниците од Кина. Сите страници кои не се појавуваат на листата се блокирани од резултатите на пребарувачот. Работата која инженерскиот тим во Google ја правел со 265.com е дел од тајните податоци. Одделот за приватност бил бесен кога дознале за злоупотреба на податоците. Вообичаено ваква употреба на податоците би морала да биде под нивен директен надзор.

„Последниве недели, на тимовите кои работат на Dragonfly им беше кажано да користат друг сет на податоци за нивната работа. Повеќе не собираат пребарувања од Кина и наместо тоа ги проучуваат глобалните кинески пребарувања кои се внесуваат во Google од луѓе што живеат во земји, пример САД и Малезија. Овие прашања се различни од пребарувањата што потекнуваат од самата Кина. Поради ова е невозможно тимот на Dragonfly да ја прибере точни резултати. Значајно е и што неколку групи инженери се преместени од Dragonfly. Нив им е кажано да го префрлат своето внимание од Кина и да работат на проекти поврзани со: Индија, Индонезија, Русија, Средниот Исток и Бразил“, вели Intercept.

Project Dragonfly ако беше реализиран ќе беше достапен единствено на Android. Кинеските корисници и онака главно пристапуваат на интернет преку телефон, па десктоп верзија веројатно не беше потребна.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments