Вообичаено ИТ настаните се организираат во Скопје. Причината за ова секако не е недостаток на квалитетни развивачи и дизајнери во другите градови, па затоа Pelister.tech ќе помогне да се сретне заедницата во Битола.
Настанот е закажан за 19 декември и ќе се одржи во Вино бар Буре. Ова е прва средба, но организаторот ветува дека ќе продолжи да се одржува еднаш месечно. Покана за учество имаат сите од програмери, дизајнери, менаџери до сите други во ИТ индустријата.
Целта на настанот е да го прошири социјалниот круг на ИТ професионалци во Битола и потоа да се споделува знаење помеѓу индивидуалци кои се заинтересирани да ги надградуваат своите вештини.
Средбата е од неформален карактер и првиот настан е фокусиран на запознавање и дискусија околу евентуални теми за следните настани. Со оглед на тоа дека станува збор и за прв настан, ќе биде разгледан и форматот на следните средби.
Учеството, за Pelister.tech се разбира, е бесплатно.
Повеќе податоци за настанот може да дознаете од Facebook-страницата на Pelister.tech.
Добивај известувања
Најава
0 Коментари