1 коментар 2 мин. читање 25 април, 2014

Pocket Printer е токму тоа – принтер за во џеб

Pocket Printer е токму тоа што го кажува името, принтер кој можете да го носите во џеб, а со него да принтате од било кој уред. Уредот доаѓа од израелскиот стартап Zuta Labs, кој ги обезбеди средствата за принтерот преку Kickstarter кампања.

Наместо како во стандардниот принтер во кои се става хартијата, Pocket Printer се поставува врз хартијата и малиот робот ја поместува главата на принтерот врз хартијата. Принтерот засега може да принта една хартија во минута што за денешните стандарди е навистина бавно, но огромна предност е што можете насекаде да го носите во џеб. Инженерите кои работат на проектот се надеваат дека ќе со новите мотори принтерот ќе може да принта побрзо, и дека наскоро ќе има подобар квалитет на отпечатените материјали со новите помали и паметни кетриџи.

„Денес се станува мобилно, живееме во свет во кои луѓето постојано се во движење и ги завршуваат своите обврски насекаде. Но, една канцелариска алатка е заглавена во минатото и не е променета последнава деценија и не е мобилна. Зборуваме за принтерот“.

Конечната верзија ќе подржува принтање преку PC, таблет компјутер, или телефон преку Bluetooth. Финалната верзија ќе биде со висина 10 cm, 11,5 cm широк и ќе тежи околу 300 грама. За иднина се работи на колор верзија на принтерот, но и можност принтерот да може да печати на плочки или текстил, јави BBC. Со петнаесет дена преостанати од кампањата Pocket Printer успеа да дојде до посакуваните 400.000 долари од над 2.600 подржувачи. Во моментот цената на принтерот е 200 долари.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Марко Чурлиноски

Мн е бавен само… белки че го убрза во иднина :D

Мени
Заедница
Изглед
To top