Вик Гундорта, човекот чија визија за друштвена платформа беше претворена во Google+, си заминува од Goolge по осум години работа на друштвените медиуми. Ова, како што пишува TechCrunch, значи дека друштвената мрежа на Google ќе остане без својот водач, а околу 1.000 инжинери ќе бидат префрлени на други проекти. Тимот за Google+ Hangouts ќе биде префрлен на Android, а по нив ќе следи и тимот за фотографии. Останатите можеби ќе продолжат да работат на Google+, но со помал интензитет. Можно е дел од тимот да се префрли да работи на мобилното присуство со креирање на Google+ виџети. Google негираше дека изглегувањето на Вик Гундорта има некој ефект врз Google+, но според изворите на TechCrunch, Google+ не е „мртов“, туку е повеќе како „одечки мртовец“.
Тоа што се очекува е Google да ја прекине непопуларната и задолжителна интеграција на Google+ профилите со сите останати сервиси. Причина за ова е што поврзувањето на YouTube и Google+ не одеше според плановите, посебно што не беше прифатено од корисниците чии коментари се појавуваат како нивни Google+ профили. Проблемот е што интеграцијата беше форсирана на сила бидејќи никој корисник не се замараше со својот Google+ профил.
Излегувањето на г. Гундорта од Google, тој не откри со што ќе се занимава следно, беше поздравено со пофални зборови од директорот на компанијата, Лери Пејџ, дека го изградиле Google+ „ од нула“.
Коментари
2 коментари
Коментарите се затворени.