Креаторот на програмскиот јазик Lisp и професор на Универзитетот Стенфорд, Џон МеКарти почина на 84 година. Г. Мекарти е познат како пионер во развојот на вештачката интелигенција. Всушност, тој го има и претставено овој термин во 1955 година. Tој го смислил терминот „вештачка интелигенција“ кога се обидувал да добие средства за истражување од фондацијата Rockefeller.
Г. Мекарти веруваше дека човечката интелигенција може да се претстави на едноставен начин кој ќе биде разбран и симулиран од машините.
„Ако машината може да направи нешто, тогаш автоматски дигитрон може да се програмира да ја симулира машината. Брзината и капацитетот на меморијата на денешниве компјутери можеби не е доволен да ги симулира бројните високи функции на човечкиот мозок, но главната препрека не е немање машински капацитет, туку нашата неспособност да напишеме програми кои целосно ќе го искористат тоа што го имаме.“, напиша тој во предлог за истражување во 1955 година.
Џон Мекарти е добитник на Туринговата награда од 1971 година за придонес во полето на вештачката интелигенција. Наградате се доделува за „најголемите достигнувања во компјутерските науки“.
Г. Мекарти имаше и свој сајт каде објавуваше разни идеи и детали од неговото истражување.
Подолу е видео од краток документарец од 1984-та за почетоците на вештачката интелигенција. Еден од гостите е и Џон Мекарти.








Грешка во насловот – не „пионир“, туку „пионер“. позз