Windows Phone ќе биде најбрзо растечкиот мобилен ОС во 2012

во Мобилни

Компанијата за истражување на технолошките пазари, Strategy Analytics, објави извештај според кој оперативниот систем на Microsoft, Windows Phone 7, ќе зафаќа 12,3 отсто од пазарот на паметни телефони во Западна Европа во 2012 година. Овој пораст ќе се должи пред сè на партнерството на Microsoft со финската компанија Nokia, која ќе го користи Windows Phone во сите свои паметни телефони, но исто така и на партнерството со HTC и Samsung.

Според извештајот, во 2012 година се предвидува дека во Западна Европа ќе се продадат 117 милиони паметни телефони, од нив се очекува Microsoft да продаде над 14 милиони паметни телефони кои ќе работат на Windows Phone 7.

Strategy Analytics сметаат дека пазарот на паметни телефони во наредната година ќе порасне за 12 отсто, од 105 милиони парчиња на 117 милиони парчиња, a Windows Phone ќе биде најбрзо растечкиот оперативен систем. Се очекува Windows Phone да биде третиот по застапеност мобилен оперативен систем во Западна Европа, веднаш зад iOS на Apple, и Android на Google.

Директорот на Strategy Analytics, Нил Мостон, смета дека растот на оперативниот систем на Microsoft сепак ќе има ограничувања поради ограничената поддршка за dual-core паметни телефони, помалиот пазар на апликации, како и негативното мислење на корисниците за оваа платформа, поради слабите перформанси на претходните верзии.

Првите паметни телефони што ќе го користат оперативниот систем на Microsoft за прв пат ќе бидат прикажани на годишниот настан на Nokia, Nokia World, кој ќе се одржи на 26 октомври во Лондон.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments