Почина Бил Могриџ, татко на лаптопот

во Свет, Хардвер

Вилијам „Бил“ Могриџ е човекот заслужен за дизајнирањето на денешните модерни лаптопи, и слободно може да се каже дека е татко на преносните компјутери. Според соопштението на американскиот национален музеј за дизајн Смитсон Купер-Хјуит, Бил Могриџ почина на 69 годишна возраст по повеќегодишна битка со ракот.

Негов најпознат продукт е дизајнот на компјутерот Grid Compass од далечната 1982 година. Тој го фаворизираше дизајнот на компјутерите со рамен екран и се затвара на копче, што во таа доба беше новитет. Сега гледано Grid Compass не изгледа нешто големо, но дефинитивно г. Могриџ имаше генијална идеја во кој правец ќе се развиваа технологијата. За овој дизајн, во 2010 година, Бил Могриџ ја доби и наградата Prince Philip Designers Prize – што претставува и најстара британска награда за дизајн.

Г. Могриџ е и ко-основач на IDEO, една од најреспектабилните дизајнерски компании во Силиконската долина. IDEO има соработувано со илијадници компании, а може да се издвои работата на дизајнот на првото глувче на Apple, второто глувче на Microsoft, Palm V PDA, PepsiCo, Eli Lilly, Ford и многу други.

За жач, денес нè напушти уште една важна личност во светот на технологијата и дизајнот. Ти благодариме г. Могриџ.

[youtube]PWkk9sr_GOs[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments