По Google сега и на мапите на Apple Крим е дел од Русија

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Apple и Google немаат време да почекаат историјата да одлучи за контроверзноста во анексирањето на Кримскиот полуостров. Сега двте компании направија исти промени во своите мапи и Крим е прикажан како дел од Русија, пренесе Techcrunch.

Сепак ова е само дел од „приказната“. Иако Крим е прикажан како дел од Русија кога се пребарува од границите на Русија, надвор од оваа зона мапите на двете компании го прикажуваат Крим како неутрална зона. Руската Дума излезе со соопштение во кое се пофалија дека е отстранета неточноста во претставувањето на Крим на мапите на Apple. Со ова Apple повеќе не го прекршува рускиот закон. Секакво прикажување на Крим во состав на Украина е во спротивност со Уставот на Русија.

Google ваква промена направија уште во 2014 година. Надвор од Русија на мапите Крим е прикажан како неутрална зона, ниту во Русија, но ниту во Украина. Градовите и населените места во регионот се без додаток кој покажува во која држава се наоѓаат.

Ова секако предизвика протести, и за Apple е чекор во наскока која дел од фановите на компанијта не ја поддржуваат. Неодамна Apple забрани и апликација која ја користеа демонстрантите во Хонг Конг, а претходно го трнаа знамето на Тајван како емотикон, бидејќи и ова не им се допаѓаше на кинеските власти.

Припојувањето на Крим кон Русија е од март 2014, но најголем дел од државите не ја признаваат руската власт врз полустровот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Designer

види ги сите огласи на kariera.it.mk