Таблет компјутерите на „Еден лаптоп за секое дете“ (OLPC) ќе бидат наменети за учениците и студентите во земјите во развој.
Првиот нивен таблет со име XO-3 ќе биде презентиран рано во јануари 2011 на CES, а првиот таблет за продажба ќе се појави во 2012 година. Ќе чини 75 долари, можеби ќе работи на Android и ќе биде изработен од пластика за да не се крши, вели Николас Негропонте, основачот на OLPC. Интервју со г. Негропонте ќе видите во видеото подолу.
Првите проекти на OLPC беа лаптопите XO кои требаше да чинат помалку од 100 долари, но на крај по производството лаптопот чинеше 199 долари што резултираше во мала продажба, односно 1.4 милиони XO лаптопи беа продадени низ 40 земји.
Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови







