По #Brexit, Германците агресивно регрутираат стартапи од Лондон

0 коментари 1 мин. читање

Огромна табла закачена на комбе кое се вози по улиците на Лондон ги поканува сите стартапи да се преселат во Берлин. Главна причина за ова е #Brexit, бидејќи постои можност британските компании да го изгубат пристапот до отворениот европски пазар.

„Драги стартапи, останете мирни и преселете се во Берлин“, гласи пораката на комбето. Можеби билбордот на комбето е најзабавниот и најочигледниот начин со кој некои држави се обидуваат да го искористат излегувањето на Британија од Европската унија, но секако не е единствениот. Повеќе компании јавија дека им пристапиле претставници на Швајцарија, Ирска, но и останати држави од Европа кои ги поканиле да се преселат, вели Business Insider.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед