Британскaта ИТ индустрија не е воодушевена од #Brexit

#Brexit сè уште е во центарот на вниманието на светот, откако Велика Британија изгласа да се отцепи од Европската Унија. Зад одлуката стојат различни причини, идеали и лобирање, дури и кај претприемачите и стартапи кои сега се загрижени поради оваа одлука, постои поделеност. Неизвесноста за што ќе се случи по #Brexit е поголема бидејќи Британија во моментов е без активен премиер, г. Камерон си поднесе оставка, и треба да влезе во економски преговори со Унијата. Тие преговори можат да траат цели 2 години според Article 50.

Најголемата загриженост кај техничките компании се намалените можности за регрутирање на таленти, но и крај на европските фондови за инвестиции во стартапи. Средствата инвестирани во британските стартапи не се занемарливи, на пример во 2013 година британските приватни компании добија одлични 1,4 милијарди фунти од европски фондови.

„Најголемите придобивки од членството во Европската Унија се пристапот до талент, поради слободниот проток на работна сила, но и законската рамка – ако сте регулирани во Британија, регулирани сте низ целата Унија. Не знаеме што ќе се случи со ова. Не се добри вести ниту за ЕУ, ниту за Британија“, вели Тавет Кинкирус од „еднорогот“ TransfetWise за Telegraph.

Стравот од непознатото придонесе акциите на неколку компании: BT, TalkTalk и Sage да паднат по објавувањето на веста за излегувањето од ЕУ. Лондон е центар на техничките компании за Европа, пандан на Силициумската долина во САД. Лондон, кој гласаше со над 75% да останат во Унијата, најверојатно ќе биде најголемата жртва на #Brexit, бидејќи европските, азиските и американските компании најверојатно ќе го заменат Лондон со Берлин, градот кој веќе е центар на стартап културата. „Очекуваме значително намалување на нови компании во Лондон, во корист на Берлин, но и префрлање на успешните стартапи од Лондон“, смета Кристоф Герлингер од German Startups Group.

И покрај паниката, некои сметаат дека иднината сепак нема да донесе драматични промени „Технологијата е сектор кој ќе стане уште поважен, и за неа не се важни границите. Затоа сметам дека техничкиот сектор во Велика Британија не само што ќе го издржи предизвикот од референдумот, туку ќе продолжи да расте и да напредува“, вели oсновачот на лондонскиот TechCity, Рохан Силва за BBC.

Но, #Brexit е комплициран проблем, па дури и најголемите компании имаат подеднаква причина за загриженост како и стартапите. Amazon сега има британски магацин кој е одделен од Европа, што придонесоа акциите на компанијата да паднат за 3 отсто. Дека не станува збор за незначителен проблем покажува односот на дистрибуција помеѓу центарот во Британија и Германија кој е речиси подеднаков. Проблемот можеби ќе биде надминат по затворање на прашањето со меѓусебна трговија помеѓу Британија и ЕУ, но тие преговори ќе траат 2 години според Article 50 на Европската унија.

Amazon не е осамен во падот на акции на берзата, Brexit предизвика пад на акциите на сите компании помеѓу кои и најголемите: Alphabet (Google), Apple, Microsoft, HP, Netflix, PayPal, Qualcomm и социјалните мрежи Facebook и Twitter. Најверојатно наскоро ќе се стабилизира берзата и акциите ќе се вратат, во нормалните граници, но барем засега недостатокот на стабилност, е предизвик за берзата.

Она што останува непознато е што ќе се случи со Договорот за единствен дигитален пазар и Safe harbor договорот, иако можеби токму овие договори ќе бидат најголема жртва на #Brexit. „Исчезнаа надежите за единствен дигитален пазар. Започнуваат прашањата дали Лондон ќе остане центар за финансирање и економија и ќе биде потешко да се регрутира талент за работа во Велика Британија. Сега техничката индустрија и Британија треба да направиме најдобро што можеме во оваа ситуација“, вели Хусаин Касаи од Onfido, за IT Pro.

Сепак сите не се слагаат дека #Brexit ќе го направи регрутирањето потешко. Фил Фостер од Love Energy Savings смета дека сега Британија ќе воведе сличен систем како и Австралија, со кој подобрите кандидaти ќе добиваат повеќе поени, а квалитетните кандидати секојпат ќе можат да влезат во Британија. Дополнително тој смета и дека ќе има простор за кандидати од Индија и Кина, кои ќе ги заменат европските кадри.

„#Brexit е катастрофа за оваа држава. Може да очекувате компаниите да започнат да се повлекуваат од Британија. Премиерот ќе мора да направи итни промени во буџетот да ја затвори дупката која ќе биде предизвикана. Бевме на пат да бидеме четврта најголема економија, сега одиме назад. Каков залудно потрошен труд“, вели Ангус Дент од Archover за Startups.co.uk.

Слична е состојбата и со гејминг индустријата во Велика Британија, дел од компаниите надвор од Британија стравуваат дека ќе мора да ја напуштат државата. Најголемиот проблем на креаторите на видеоигри е недостатокот на развивачи кои досега доаѓаа од сите држави членки на Унијата, велат развивачите за Gamasutra.

„Единствена позитивна работа од референдумот е што сега од уплатите од Steam и Oculus во долари сега ќе добиваме повеќе фунти. Тоа е сè. Негативностите се недостатокот на таленти кои можат да дојдат и да останат во Британија. Веќе гледаме дека некои европски инвеститори се повлекоа од Британија. Стартап студио за виртуелна реалност и онака има доволно проблеми да се претстави и да биде забележано, споредено со Западниот брег на САД. Сега можеме да направиме United Europe VR Sim за останатите 48 отсто да уживаат“, вели Сем Ватс од Tammeka за GamesIndustry.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments