PlayStation е вистинска шанса за популаризација на виртуелната реалност

Sony објави дека интересот за купување на PlayStation VR е изненадување и за нив. За само 4 месеци компанијата успеа да продаде 915.000 уреди за виртуелна реалност. Ова е прва добра вест за виртуелната реалност по повеќе месеци, откако недостатокот на содржини се чини дека го намали интересот за областа.

Кога требаше да се донесе одлуката за бројот на уреди што ќе се произведуваат, директорите на Sony советуваа претпазливост и помал број на уреди. Изгледа дека немаше никаква потреба од страв затоа што PlayStation VR е најпопуларниот уред за виртуелна реалност во моментов.

„Ова е класика во секоја компанија – луѓето кои се во контакт со клиентите се многу возбудени. Мора да ги избалансирате сите гласови во компанијата, вклучувајќи го и сопствениот, си велите ајде да бидеме малку попретпазливи.“, вели г. Ендрју Хаус.

Заради претпазливоста, сега за жал нема доволно уреди во продавниците. Sony веќе започна со производство на следната серија на уреди, но проблемот ќе биде надминат дури во април, јави New York Times. Компанијата имаше предвидување дека ќе продадат 1 милион уреди за шест месеци, но сега изгледа дека ќе ја надминат оваа бројка.

За споредба Facebook се надеваше дека до крајот на 2016 ќе испорача 400.000 уреди.  Компанијата не излегла со официјални бројки, но SuperData Research шпекулира со продадени 243.000 уреди. HTC Vive има продадено 422.000 уреди. Бројките од продажбата се однесуваат на периодот до крајот на 2016 година.

Најголема предност на Sony е цената. PlayStation VR е помеѓу најевтините уреди на пазарот. Дополнително, за PlayStation VR не е потребен компјутер од речиси 1.000 долари.

Зошто PlayStation VR е толку интересен може да погледнете и во епизoда на GG.MK.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments