MyGreatRecipes е апликација која се стреми да ја подобри вашата продуктивност во кујната преку својата база од над 100.000 рецепти надополнети со фотографии и концизни упатства. Апликацијата овозможува ефикасно пребарување на рецепти по состојки и оброци, организирани во колекции и категории.

“Нашиот клиент има повеќе од 30 години искуство во објавување на печатени колекции со рецепти. Го комбиниравме ова акумулирано знаење и искуство, со последните технологии за да креираме дигитално решение кое ќе овозможи вистинско олеснување во готвењето”, вели Бојан Десподовски.
