Pixel Buds на Google сега ќе преведуваат на повеќе уреди

во Софтвер

Најдобрата функционалност на слушалките од Google, Pixel Buds ќе може да се користат со многу повеќе уреди. Google Translate сега е достапен на сите слушалки кои се оптимизирани за асистентот, забележа Droid Life.

Слушалките овозможуваат превод на повеќе јазици. Ова најверојатно е најдобрата функционалност која може да ја имаат слушалки кои не се наменети за аудиофили, туку за секојдневна употреба.

За жал, Pixel Buds имаа огромен недостаток, Google Translate беше достапен единствено на телефоните Pixel. Ова значеше дека функционалност е достапна на многу мала група, уреди, односно корисници.

Со промената преводот ќе биде достапен на сите слушалки оптимизирани за работа со Google Assistant. Ова значи дека сега има куп уреди со кои ќе доаѓа симултан превод, а има и повеќе различни слушалки кои ја нудат функционалноста.

Со оглед на тоа дека ова беше најголемата предност на Google Pixel Buds, се поставува прашањето што значи ова за слушалките. Компанијата не претстави надградба оваа година, но Bose и Sony ги претставија своите слушалки оптимизирани за асистентот на Google, а можеби токму ова беше и целта на компанијата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

види ги сите огласи на kariera.it.mk