Assassin’s Creed: Odyssey излезе и успеа да ги освои срцата на повеќето гејмери, и покрај бројни контроверзни потези кои лесно можат да ве принудат кон дополнително посегнување по паричникот. Оние кои ја купија златната едиција на играта, можат дополнително да се радуваат не само на сезонската пропусница, туку и на пристап до римастер за култната Assassin’s Creed 3.
Assassin’s Creed 3 излезе во 2012 година, но тоа не значи дека не ѝ се потребни дополнителни хируршки зафати. На пролет, римастерот ќе се одликува со текстури во повисоки резолуции, нови модели за ликовите, нов систем за осветлување кој е заснован на нови механики, погусти толпи од народ, побогати околини и поддршка за VFX. Сево ова ќе биде изводливо во цела 4К и HDR слава.
На официјалниот саjт се објаснува дека во играта ќе бидат интегрирани подобрени или целосно сменети гејмплеј механики, иако не се знае на што точно би можело да се алудира.
Римастерот доаѓа со сите содржини, односно DLC-а кои нападнаа по самото излегување на оригиналната игра и фановите можат да навлезат во надградената тројка со Benedict Arnold Missions, Hidden Secrets Pack, и сите три епизоди за Tyranny of King Washington. Како би биле работите уште подобри, како дел од златната едиција ќе биде испорачан и римастер за Assassin’s Creed: Liberation (овој наслов на времето беше само за PS Vita).
Сеуште не се знае дали само римастерите ќе можат да се купат или ќе се задолжително испорачуваат само со златната едиција на Аssassin’s Creed: Odyssey. Се шепоти и за тоа како и во самите римастери, Ubisoft би можеле да вметнат агресивни кампањи за зголемување на профитот преку микро трансакции.