(Овој пост е првично објавен во Wired, и е преведен на македонски јазик со дозвола од Питер Сунде, ко-основачот на Pirate Bay и Flattr. Г. Сунде беше неодамна ослободен од шведски затвор во кој помина шест месеци поради прекршување на авторски права.)
_______________________________________________________________________________________________
Има неколку големи моменти во животот кога вистински ќе се возбудиш. Кога ќе завршиш средно. Првиот бакнеж. Кога ќе ја напишеш првата книга, ќе го објавиш првиот научен труд. Кога тој што го љубиш ќе почине. Кога ќе го добиеш првиот клиент во твоето кафуле. Некои од нив можеби изгледаат мали и тривијални споредено со другите, но за тебе тие се огромни настани кои ти го менуваат животот.
Денес го имам истото тоа чувство. Чувство дека стигнаме до одредена критична маса. Критична маса што е загрижена за сегашната состојба на Интернетот, или подобро, со сегашната состојба на контролирање на Интернетот и со тоа и светот. Критична маса што конечно разбира дека ние сме на пат да ја пренесеме демократијата без наше вклучување. The Pirate Bay сега е изгасен. Тоа влезе во свеста на луѓето дека утре, нивното омилено ТВ шоу ќе мора да го симнат од друго место. Тие решија дека ова е почеток на одронувањето. Нивното разбирање е дека ова значи дека алтернативната содржина можеби ќе биде тешко да се најде, или воопшто. Дека „ланголерите“ доаѓаат по нас побрзо одошто очекувавме. Дека оваа работа, дека го централизираме Интернетот, дека имаме само неколку централизирани сервиси, често во сопственост на компании од една земја, земја на која не и е гајле за границите кога се работи за сопствената заштита, не е добра работа. Започна да се формира движење. Движење кои оди против ова. И утре, кога ќе се разбудите, ќе стигне точка на кулминација со голема група, можеби и милион луѓе, кои ќе ги видат групите „Престанете да го уништувате Интернетот“ или „Дајте ни го нашиот Pirate Bay назад“ на Facebook. И тие ќе кликнат Like и ќе се чувствуваат горди. Тие конечно успеаја. Тие спречија да се уништи Интернетот.
[youtube]eTOKXCEwo_8[/youtube]
Ја спречивме ACTA. Ја спречивме SOPA, PIPA. Работиме на крајот на TTIP. Имаме луѓе во Парламентот. Бидејќи тоа е начинот како работиме сега. Интернетот стана мејнстрим. Не може само да трчаме наоколу како диви активисти да работиме што сакаме. Треба да направиме како што е редот. Треба да ги слушнеме другите луѓе. Го нема Дивиот Запад веќе. Затоа чекаме во ред. Дискутираме. Во меѓувреме, нашите противници стануваат поголеми и појаки. Тие веќе потплатиле некој стар политичар и затоа пистата за нив беше пократка да полетаат. Ние играме на нивниот домашен терен. И ние навистина сакаме храна на нашата маса, и навистина правивме повеќе од било кој друг.
Истовремено, веќе имаше неколку ACTA/SOPA/PIPA/TTIP договори за кои никогаш не дознавме. Ако спречиме еден, три поминуваат без да ги забележиме. Ние се уште се бориме за задржување на податоците, иако победивме во Европски суд на правда. Ова е приказна која нема крај.
Си имаме свои сопствени ѕвезди. Го имавме Wikileaks. Го имавме Едвард Сноуден. Го имавме Бредли Менинг. Го имавме Арон Шварц. Некои се мртви, некои се во затвор доживотно. Некои се кријат – уплашени за својот живот. Тоа што луѓето откриваат, што луѓето се борат, се големи каузи. Слобода на информацијата. Слобода. Демократија. Транспарентност на владата и фер судство. Работите што ги земаме здраво за готово, што се основата за модерно и безбедно општество. Зборуваме за ова многу. Револтирани сме. Плачеме, врискаме. Понекогаш протестираме. Ги имаме нашите испринтани маички. Имаме наши симболи. Имаме наши маски, наши конференции. Наши дебати. Привлекуваме внимание. Им се допаѓаме на луѓето. Нашите противници се стари дебели копилиња и предавнички курви. Тие се најчесто богати луѓе од Соединетите Американски Држави. Тие се корумпирани. Тие се лесни да ги мразиме. Тие се како од старите добри Холивудски филмови. Оние типови на филмови кои луѓето сакаат да прават пари од нив за да ни се спротистават.
Но, филмовите не научија дека добрите луѓе победуваат на крај. И знаеме кои се тие добри луѓе. Знаеме дека имаме свои сопствени права. Знаеме дека сме заштитени со закон. Исто така разбираме дека законот не може да не заштити ако лошите дојдат по нас. Нo ние не направивме ништо лошо, затоа ние не сме загрижени.
[youtube]-jDsYuCdDLk[/youtube]
Не ме викаат на журки веќе. Не затоа што сум досаден – напротив – јас обично сум забавен гостин со луди приказни, јас сум оној чуден мајмун и кловн што раскажува неверојатни случки од вистинскиот живот низ кои сум поминал. Ја имам запознаено претседателката на Бразил, сум бил во затвор со убијци и дилери на дрога. Но, навистина е проблем што не сум на Facebook, па кога некој ќе закаже настан, тие очекуваат дека некој ќе ме повика. И секој очекува дека некој друг ќе го направи тоа. Тие мислат дека сум параноичен и затоа не сум на Facebook.
Често сум изнервиран од некои мои колеги. Тие се толку тешки за да допреш до нив. Повеќето од нив немаат телефони. Мора да одредиме време и место за да се најдеме преку екриптиран чет бидејќи не сакаме да бидеме следени. Ако тие бидат задржани, јас нема да знам. Неколку пати сум чекал по 6-7 саати бидејќи воз/брод/автомобил имале проблем. Кои мислите дека се тие, што се обидуваат да останат анонимни? Не сакам да завршам како нив, тие се толку ебано параноични. Претпоставувам дека мојот телефон не се прислушува. Не сум интересен. Само затоа што знам многу луѓе што можат да бидат интересни за некои влади не значи дека тие имаат судски налог за да ме прислушуваат.
Последните денови прочитав еден куп коментари на толку-многу постови поврзани со фактот што реков дека конечно треба да го затворат The Pirate Bay, за да може да се појави нешто ново. Нешто ново и свежо. Толку многу од коментарите се лудо проникливи. За колку сум мрзлив што не правам ништо, наместо да хејтам колку лош станал Pirate Bay. Дека треба да отворам нов сајт, наместо да дозволам ТPB да се затвори. Дека сакаат нивните пакети, што ми ги пратија кога бев во затвор за својот активизам, да им бидат вратени. Бидејќи јас не го враќам Pirate Bay. Претпоставам дека овие дечки-што-добро-спелуват (да, сите тие се машки) се други активисти што помагаат да се одржи отворена и слободна заедница. Ако да, тогаш мора да сум грешка дека ние сме малку на број – очигледно ги има десетици илјади кои работат важни работи што јас треба да ги ценам.
Моето чувство за некои сфаќања што ти го променуваат животот можеби не се ништо повеќе од хетање од лигави, мрзливи и наивни делови од нашата интернет заедница. Можеби ги користам овие термини само за да ги изнервирам луѓето уште малку. Но, еј. Јас отидов во затвор за мојата кауза, и твоето ТВ шоу. Што направи ти? Ти сакаш да ти ја вратам таа копија од Орвеловата „1984-та“? Ќе земам една од 25-те копии што ги добив во затвор и ќе ти вратам една. Можеби ти ќе ја прочиташ наместо да ја праќаш на некој да го направи тоа за тебе.
Коментари
8 коментари
Коментарите се затворени.