0 коментари 2 мин. читање 15 декември, 2014

Dislike копче на Facebook? Можеби треба, вели Закерберг

Facebook се обидува да пронајде начин како да имплементира „не ми се допаѓа“-копче во својот News Feed. Ова е главна вест која ја обелодени Марк Закерберг. Проблемот кој го има компанијата е што сака да ја промени интеракцијата на корисниците на непријатните вести кои им пристигаат на тајмлајнот. Правејќи го Dislike „сила за добрина“. Сепак копчето би можело да биде достапно единствено доколку некој сака да изрази жалење, но во никој случај нема да биде додаток за да покажете дека не се согласувате со нешто. Според зборовите на основачот копчето е прикладно кога сакате да изразите жалење, на пример поради загуба на блиски, болест или непријатно изненадување.

„Некои корисници побараа dislike-копче за да кажат дека нешто не е добро, а ова нема да го направиме. Не верувам дека ова е добро за заедницата“, вели г. Закерберг.

Со оглед на тоа дека Facebook заработува од рекламите, се чини дека сомнежот на друштвената мрежа е оправдан со оглед на доа дека ретко кој од клиентите ќе биде задоволен со „не ми се допаѓа“ на производите.

[youtube]BdanYRnrQOE[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top