{mosimage} Пиратска партија има шанса да влезе во германскиот парламент откако на традиционалните U18 избори за млади, кои се организирани една недела порано од главните избори, пиратите освоија 9% од гласовите што е бројка која може да им ги отвори вратите на националниот парламент.
Ова е неверојатен успех земајќи в предвид дека во јуни на изборите за Европскиот парламент, германската пиратска партија освои само 0.9 отсто од гласовите. Сега, три месеци подоцна, Пиратската партија е најбрзо растечката партија во Германија со над 8.000 членови.
Се започна со отварање на Пиратска партија во Шведска во 2006 година. Пиратите се борат за промена на авторските права, легализација на онлајн споделувањето и против онлајн цензура и мониторинг. По судењето на the Pirate Bay во април, шведските пирати станаa трета најголема партија во Шведкса, по што добија неверојатнa подршка на европските избори и
влегоа во Европскиот парламент.
Денес во 34 земји во светот има Пиратска партија. По шведските, најуспешните до сега се германските пирати.
{mosimage}
Пиратската партија и во Шведска и во Германија е најуспешната мала партија. Според политиколозите, овој успех се должи поради тоа што големите партии воопшто и не се заинтересирани за интернет ниту имаат некакво разбирање за интернет културата. Од друга страна пак, пиратите знаат точно кои се проблемите и го знаат точно ефектот на интернетот врз секојдневието.
За разлика од другите партии, на пиратите таргет групата им е младата интернет генерација. Затоа, покрај традиционалните методи за кампања, тие ја промовираат
својата платформа во шатори на плоштадите, делат
летоци и вејат пиратски знамиња.
Се разбира, во корист им оди тоа дека да бидеш пират е многу покул одошто да бидеш политичар, нели?
Генералните избори во Германија ќе се одржат на 27 септември, а пиратите очекуваат да го повторат успехот со U18 изборите и да влезат во парламентот за да ги отворат темите за онлајн цензура и реформи на авторските права.






