{mosimage} Средношколците ќе учат математика, хемија, физика, географија, латински и информатика со помош на компјутери, пренесува Kанал5. Иако наставниците поминале обука, која заврши во јуни, сепак дел од нив се уште не се спремни да го користат Edubuntu за предавањата.
„Има доста додатна работа која мора тој наставник да ја сработи, меѓутоа не се нафаќаат сите, туку оние кои се заинтересирани и ентузијастите да ги речам.” вели
Ѓорѓи Китански директор на гимназија „Орце Николов”, за Канал5.
Што се однесува на украдените и уништените компјутери, тој проблем e надминат, вели министерот за информатичко општество Иво Иванов.
„На секој почеток се очекува дека ќе има некои штети, но сето тоа со текот на процесот тие ќе се надокнадат, но од сопствени средства, од средства од училиштето.” вели министерот Ивановски.
Дигитална телевизија
А1 ТВ бара тендерот за дигитална телевизија да се најде пред Уставниот Суд, бидејќи според нив Агенцијата за електронски комуникации ја повредила законитоста и сите радиодифузери во земјата ги ставила во нерамноправна дискриминаторска положба во однос на Telekom Slovenije кои беа избрани за емитување на дигиталната телевизија.
„Секаде во Европа кога се работи за доделување на фреквенции наменети за дигитална телевизија секогаш радиодифузерите имаат сопствена мрежа, во македонија со распишувањето на ваков тендер се преферира спротивното, се преферира телекомуникациските оператори да бидат сосптвеници на оваа мрежа, ставањето на радиодифузерите во положба на корисници на радиодифузната мрежа, а не во положба на сопственици доведува до монополска положба, создава монополска положба, а ваквата положба задира во независноста на медиумскиот простoр во Македонија“, вели Лујза Стајиќ, адвокат на А1.
Ова не е единствениот проблем на Telekom Slovenije. Tие требаше да почнат да тестираат дигитална ТВ програма за 430.000 крисници, но дигиталната телевизија се уште не функционира.
{mosimage}
Telekom Slovenije одговори дека тие ја порачале опремата на време, но се појавил проблем во доставувањето, па комерцијалното емитување ќе започне на 15 ноември.
„Според Договорите склучени од Космофон со добавувачите јасно се гледа дека опремата е навремено нарачана и уплатена, како и дека роковите на испорака кореспондираат со рокот за старт на сервисот, односно опремата треба да пристигне пред 4 септември. Меѓутоа, истото не се случува и добавувачите бараат дополнителен рок од осум недели за испорака на опремата, што директно го одлага процесот” објаснуваат од Агенцијата за електронска комуникација.
За тие што не знаат што е дигитална телевизија, тоа значи дека дигиталниот сигнал може да пренесе поголеми пакети на информации што резултира во поквалитетна слика и звук, и се овозможува висока дефиниција или HDTV.
LCD монитори made in Macedonia
Кинеската Haier и јужно-корејската TriView ќе инвестираат околу 10 милиони евра во фабрика за LCD телевизори и монитори во индустриската зона „Скопје 1“, позната и како „Бунарџик“.