Пиратеријата не штети на продажбата на музика, вели извештај од Европската Комисија

во Веб, ИТ.ЕУ

Пиратеријата не и штети на музичката индустрија, туку потребно е да се искористат новите дигитални модели како стримање на музика кои всушност ја зголемуваат продажбата на албумите и песните. Според анализата на Европската Комисија, направена со анкетирање на 16.000 европејци за нивните онлајн навики, пиратеријата не прави некоја посебна штета на индустријата, иако нелегалните сајтови сепак се противзаконски бидејќи ги омаловажуваат авторските права на музичарите.

„Се чини дека голем дел од музиката што се конзумира нелегално од индивидуалците од нашата анкета не би била купена ако илегалните сајтови не би биле достапни за нив.“, се вели во извештајот.

Тоа што е позитивно за музичката индустрија е што новите сервиси кои бесплатно стримаат музика, како Spotify, Rdio, Grooveshark и други, всушност придонесуваат кон продажбата. Според извештајот, „10 отсто повеќе кликови на легалните сајтови кои стримаат да се претворат во 0,7 отсто повеќе кликови на легални сајтови за купување на музика“.

Извештајот сосема очекувано беше критикуван од Интернационалната федерација на фонографската индустрија (IFPI) кои велат дека анализата е „погрешна“ и „различни од комерцијалната реалност“. Според нив, ако „голем дел од пиратите не купуваат музика, а сепак ја конзумираат, тогаш не е логично тоа илегално однесување да стимулира продажби“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments