Пират мора да сними анти-пиратски филм, или ќе плати казна

во Останато

Чехот именуван како Јакуб Ф ја доби најверојатно најчудната казна за пиратерија за која досега сте слушнале. Како последица на судска одлука тој мора да направи видео во кое се откажува од пиратството и да собере 200.000 прегледи за три години. Во спротивно ќе треба да плати голема казна.

Пиратот е обвинет од Business Software Alliance (BSA), која ги штити авторските права на компании Microsoft, HBO Europe, Sony, Twentieth Century Fox и други, дека пиратира содржина за која треба да плати оштета од 223.000 долари. Но, бидејќи тој ги нема овие средства, наместо затвор се договорија да креира видео во кое ќе треба да го промовира до 200.000 прегледи. Делото за кое е осуден е споделување на линкови до пиратски содржини на форуми кои се познати како Warez. Иако сметал дека е неговата улога е минорна и дека компаниите не се заинтересирани, BSA сепак дојде до него.

„Ако ја промовирам мојата приказна и видеото стигне до 200.000 прегледи ќе треба да ја отслужам само основниот дел од казната. Во видеото сум во мојата улога и ова е мојата приказна. Го снимив видеото со професионална компанија. Споделувањето го започна ова и би сакал со споделување и да заврши,“ вели Јакуб за TorrentFreak.

Видеото на YouTube веќе има над 400.000 прегледи, па Јакуб го одржа своето ветување, останува да видиме дали и BSA ќе остане на зборот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments