0 коментари 1 мин. читање

Човек кој помина 44 години во затвор сега пристигна во иднината на паметните уреди

Њујорчанецот Отис Џонсон е еден од ретките луѓе кои успеале да патуваат напред во времето. По 44 години поминати во затвор поради обид за убиство на полицаец, 69-годишниот г. Џонсон сега е на слобода, но светот не е истиот како што го оставил. Всушност, за него, светот е како некој футуристички филм.

Паметни телефони, Bluetooth слушалки, излози на продавници на чии прозорци гледате реклами, се само дел од изненадувањата. Со оглед на тоа дел од технологијата како „лични асистенти“ и компјутери кои зборуваат беа дел од Star Trek и останатите фантастични филмови и серии кон крајот на шеесеттите, на г. Џонсон навистина може да му изгледа дека е дојден во друго време. Затоа радоста по пронаоѓањето на омилениот путер од кикирики 44 години подоцна можеби беше и најдобриот момент, бидејќи тој путер е единственото нешто што тој го знае. Al Jazeera презентираше кус документарец со г. Џонсон, кој отиде во затвор на 25 години, што може да погледнете подолу. Текстот на Al Jazeera е за адаптација на поранешните затвореници во модерното општество.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top