0 коментари 2 мин. читање 5 мај, 2015

Pinterest претстави платформа за развој на апликации

Pinterest ги отвора вратите за девелоперите. Компанијата ја претстави својата платформа за развој на апликации која ќе овозможи на девелоперите пристап до податоците на Pinterest, јави TechCrunch. Податоците кои Pinterest ќе ги сподели со развивачите на апликации се однесуваат на содржините кои ги споделуваат нивните корисници. Според првите разговори со девелоперите кои се одвиваа зад затворени врати, во Pinterest се возбудени од можностите кои ги отвора соработката со платформата.

„На Pinterest корисниците имаат зачувано над 50 милијарди постови. Како развивачи ќе имате можност да да креирате нешто реално од овие постови, апликации за нарачки на продукти или да резервирате патување по некој од постовите за патување“, објасни Pinterest на својот блог.

Постовите на платформата се јавни, но ова не значи дека корисниците нема да бидат прашани. Апликациите ќе мора да побараат потврда од корисникот пред да ги споделат нивните „pins“. Компанијата објави дека ќе бидат ригорозни и нема да има простор за оние кои ќе ги прекршат.

За сега проектот е затворен, а Pinterest има намера да соробатува со помалку од 1000 развивачи, иако најавува дека полека ќе се зголемува нивниот број.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top