0 коментари 2 мин. читање 14 март, 2012

Pinterest ќе добие редизајнирани профили и iPad апликација

Pinterest e eдна од најпопуларните друштвени мрежи во моментов за која можеби не сте ни чуле до сега. Mрежата преку која се споделуваат интересни нешта постои скоро две години, но стана популарна во последниве неколку месеци откако се откри дека пренасучува повеќе сообраќај од куп други поголеми конкуренти. На неа 11-те милиони месечни корисници поминуваат по 98 минути месечно, што е повеќе од сите други друштвени мрежи освен од Tumblr и Facebook.

За да ја искористи таа популарност, Pinterest ќе престави нови профили за полесно откривање на содржина и корисници, и ќе претстави iPаd апликација, откри 29-годишниот основач Бен Силберман на конференцијата SXSW. Тој е поранешен вработен во Google кој во 2009-та го стартува сајтот со некои пријатели и продолжува да работи на него бидејќи, како што вели, „ќе се чувствувавме срамно да кажевме дека не успеавме“.

Тој додаде дека промените на профилите се делумно и поради новите начини „кои не ги ни очекувавме“ како корисниците ја користат мрежата, пример како што Музејот на модерна уметност во Њу Јорк ја користи мрежата за листање на фотографии од своите колекци.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top