Надополнето: Anonymous негира дека објавија оперативен систем

3 коментари 2 мин. читање

<Надополнето>Аnonymous на своите Twitter профили објави дека се работи за лажен оперативен систем, не е креиран од нив, и предупредуваат дека е полн со тројанци. Подолу се два твита од профилите кои се познати како „официјални“ на хактивистите кои предупредуваат за ОС-от, но малку е тешко да се потврди дали тој оперативен систем е креиран од некој нивен член.

</надополнето>

Малку неочекувано, се појави вест дека контроверзните хактивисти претставија оперативен систем Anonymous-OS кој е базиран на Ubuntu 11.10 и користи Mate десткоп. OС-от кој во моментов е симнат на 20.000 пати е направен за едукативни цели, односно за проверка на безбедност на сајтовите. Интересно, на Tumblr блогот преку кој се споделуваат информации за оперативниот систем, се вели дека системот не треба да се користи за рушење на сајтовите, но тоа предупредување некако не соодвествува на активностите на групата која е хакнувањето и рушењето на сајтовите. По тоа е и позната групата, и заради тоа ќе биде симнуват оперативниот систем.

Но, според Hacker News, овој систем не е од автентичен извор, и во него има оставено „задна врата“ за да можат да влезат властите или другите хакери. Користењето на овој оперативен систем е на ваш ризик.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед