Apple го оневозможува Siri на сите уреди освен iPhone 4S

6 коментари 2 мин. читање

Исто како со декодирањето (jailbrake) на iPhone од страна на хакерите и потоа оневозможувањето на тоа декодирање од страна на Apple со следната верзија на iOS, сега се случува мачка и глушец брканица со Siri, гласовниот асистент на Apple кој без декодирање е овозможен само на новиот iPhone 4S. Целта на хакерите сега е да го овозможат Siri на уреди што официјално не го поддржуваат, а кои сепак имаат доволно јак хардвер за да работи Siri, како на пример iPad 2 или iPhone 4.

Првиот поголем чекор напред за хакерите беше алатката Spire преку која може да се користи Siri на неподдржани уреди, но само ако го имате специфичниот код од iPhone 4S што е добар само неколку дополнителни уреди. Одеднаш тие кодови почнаа да се даваат на огласи за луѓе да ги купат затоа што количината на неподдржани iPhone мобилни што можат да се закачат на еден од тие кодови беше ограничена. Тоа беше единствената бариера за користење на Siri на неподдржани уреди, а сега доаѓа и следната во форма на конкретно оневозможување на Spire алатката од страна на Apple.

Како и секогаш кога има доволно голем број на корисници што имаат потреба од некоја специјална функционалност која не е присутна во ванила верзијата на софтверот, наскоро можеме да очекуваме да се заобиколи ова оневозможување на Spire.

Но, ако не ви се чека, и сакате да имате гласовен асистент уште сега, Vlingo е одлична алтернатива, што е и бесплатна, а функционира и на постари, не декодирани iPhone уреди. Воедно преку Vlingo можете да си го ажурирате статусот на Facebook или Twitter со користење на вашиот глас.

Напишано од

Дамјан Цветков-Димитров е дизајнер на игри и поранешен автор на IТ.com.mk. Има нездрава опсесија со интернет култура, нови медиуми, технологија, компјутерски игри, друштвени мрежи и електронска музика.

Коментари

6 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top