Phonograf ќе биде Android апликација која ќе ја спои музиката на мобилните телефони со споделувањето на истата на друштвените мрежи. Апликацијата на корисниците ќе им овозможува да следат други корисници, коментираат и да ја споделуваат музиката што ја сакаат.
Или пак, како што вели основачот на овој стартап, Едуардо Остин, оваа апликација ќе биде „Instagram за музика“, и токму поради едноставноста на таа апликација за споделување на слики, го натерало да ја направи Phonograf.
„Нашата главна филозофија е пушти, сподели, откриј.“, вели г. Остин. „Ние сакаме корисниците да ја слушаат нивната музика, да ги споделуваат своите музички интереси, и да откријат нова музика.“
Phonograf корисниците ќе имаат можност песните директно да ги зимаат од својот паметен телефон и да објават пост со нејзиниот постер (слика), свое мислење, и евентуално линк преку кој останатите корисници ќе може да ја слушнат. За првпат, овој проект ќе биде презентиран на Venture Atlanta во октомври, сметајќи дека во Атланта има добри бизнис инкубатори и е одлично место од каде ќе може да започне да го шири својот проект, па и да заработи од истиот.
Доколку сакате да добиете известување кога ќе излезе апликацијата, можете да се пријавите на Phonograf.com.








