0 коментари 2 мин. читање 24 август, 2012

Amazon го претстави складиштето за архивирање на податоци Glacier

Amazon Glacier е нов сервис на компанијата кој ќе овозможува складирање на податоци. Услугата се однесува на податоци кои не се менуваат често, но и времето на пристап до истите може да се дозволи да биде неколку часови. Податоците ќе бидат архивирани, а времето потребно да ги симнете мможе да биде од 3,5 до 4 часа. Најголема предност на услугата ќе биде цената, 0,01 долар за гигабајт или 10,24 долари за терабајт.

За жал, иако внесувањето на податоците е бесплатно, цената за симнување на истите е најблаго речено контраверзна. Според корисниците на HackerNews, во крајни случаи цената на отворањето на складираните податоци може да чини и 720 пати од цената која корисниците ја плаќаат за складирање и чување.

За среќа, 5 проценти од складираните документи ќе бидат достапни бесплатно, но нормализирани по денови. На пример, ако користите 6 GB, месечно бесплатно ќе ви бидат достапни 300 MB, но само ако ги барате во пакети од 10 MB. За секој пакет поголем од 10 MB се доплаќа.

Се претпоставува дека Amazon има волку висока цена за симнување на податоците со цел да не дојде до злоупотреба од страна на корисниците, кои би ја користеле оваа услуга како замена на S3 складиштето.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top