Пет научни труда на македонски истражувачи на престижната конференција NeurIPS

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, Вести, ИТ.МК

Научни трудови од четири македонски истражувачи оваа година се дел од најпрестижната конференција за невронски мрежи и машинско учење, NeurIPS.  Александар Бојчевски, Татјана Чавдарова, Паулина Грнарова и Наташа Тагасовска не само што потекнуваат од Македонија, туку и своите додипломски студии ги завршиле во Македонија, на Универзитетот Кирил и Методиј. Она што е подеднакво импресивно е и забелешката на Игор Трајковски дека сте се и први автори на овие трудови.

Истражувачите ќе се претстават со следниве научни трудови:

  • Александар Бојчевски (Technical University of Munich); Стефан Гинеман (Technical University of Munich) – „Certifiable Robustness to Graph Perturbations
  • Татјана Чавдарова (Mila, Université de Montréal Idiap, École Polytechnique Fédérale de Lausanne); Готиер Гидел (Mila, Université de Montréal Element AI); Франсоа Флорет (Idiap, École Polytechnique Fédérale de Lausanne); Симон Лакост-Џулиен (Mila, Université de Montréal) – „Reducing Noise in GAN Training with Variance Reduced Extragradient
  • Паулина Грнарова (ETH, Цирих, Швајцарија); Кфир Леви (ETH, Цирих, Швајцарија); Орелиен Лучи (ETH, Цирих, Швајцарија); Натаниел Перодин (ETH, Цирих, Швајцарија и
    Swiss Data Science Center), Томас Хофман (ETH, Цирих, Швајцарија), Андреас Кросе (ETH, Цирих, Швајцарија) – „Evaluating GANs via Duality
  • Наташа Тагасовска (Department of Information Systems HEC Лозана, Швајцарија); Давид Лопез – Паз (Facebook AI Research Париз, Франција) – „Single-Model Uncertainties for Deep Learning
  • Наташа Тагасовска (Department of Information Systems HEC Лозана, Швајцарија); Дамиен Акерер (Swissquote Bank Gland, Швајцарија); Тибо Ватер (Department of Statistics Columbia University, Њујорк, САД) – „Copulas as High-Dimensional Generative Models: Vine Copula Autoencoders

NeurIPS се одржува од 1986, а започнаа да ја организираат Институтот за технологија од Калифорнија и „Bell Labs“. Конференцијата досега се одржувала во неколку градови: Денвер (САД), Ванкувер (Канада), Гренада (Шпанија), Лејк Тахо (САД), Монтреал (Канада), Барселона (Шпанија), Лонг Бич (САД) и Сноуборд (САД). Оваа година NeurIPS се одржува од 8 до 14 декември во Ванкувер.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk