Peace – Најпопуларната платена апликација повлечена од AppStore

Avatar img-thumbnail img-circle

во Софтвер

Најпопуларната платена апликација на AppStore минатата недела – Peace, по помалку од два дена е повлечена од нејзиниот креатор, Марко Армент. Станува збор за популарно наречен AdBlocker, а причина за ова е грижата на совест која ја почуствувал г-дин Армент, вели Verge.

„Волкав успех со Peace не е во ред и не го очекував ова. Знам дека повлекувањето на апликацијата по само два дена е неопопуларен потег кој е непријатен за мене. Но тоа ќе заврши набрзо и ќе биде подобро од она што ме очекува доколку продолжев.“

Апликациите кои ги блокираат рекламите се популарни кај корисниците бидејќи овозможуваат „почисто“ искуство за корисниците, на мобилните платформи се намалува протокот на податоци, а страните побргу се отвораат. Сепак дел од сервисите, пред се оналјн медиумите зависат од парите од реклами, па доколку корисниците ги блокираат нивниот опстанок се доведува во прашање. Но дозволата за апликации кои можат да блокираат реклами на iOS, не е насочена против медиумите, „iOS 9 е обид на Apple потполно да го уништи начинот на кој Google заработува,“ вели Verge.

Наjголем дел од заработката на Google доаѓа од рекламите, најголем дел од рекламите на медиумите доаѓа од DoubleClick for Publishers, сервис на Google, преку кој се монетаризираат најголем дел од онлајн медиумите: од BuzzFeed, до ESPN.

iOS 9 вклучува можност за пребарување кое препорачува содржини и може истото да го прави во апликациите, на овој начин намалувајќи ги содржините од Google и влечејќи ги корисниците од интернет, овозможувајќи им на корисниците да ги блокираат рекламите.

Истовремено Apple ја издаде својата платформа за вести Apple News, преку која ќе може кај медиумите да се прикаже како спасител, за разлика од рекламите на интернет кои се блокираат, рекламите на News, нема да можат да се блокираат.

Во моментов AdBlocker користат 25 отсто од корисниците, а нивната употреба најмноги ги погодува помалите издавачи/медиуми, кои не можат да си дозволат преку платежен ѕид да ги монетаризираат своите содржини.

„Процентот од заработката кој може да биде блокиран од adblocker е 85, во моментов читателите блокираат реклами на 25 отсто на прегледите,“ вели Мајкл Машер од Awl.

Google без сомневање ќе биде втор по штетата нанесена од блокирањето на рекламите по медиумите. Доколку рекламите не стигаат до корисниците од една платформа, тогаш огласувачите ќе побараат други платформи, од кои рекламите ќе стигаат. Google не е неподготвен за ова, компанијата веќе има реклами кои не можат да се блокираат во своите апликации, слична можност нудат и апликациите на Twitter, Apple, Facebook, но при пристап преку веб страните рекламите можат да се блокираат.

Токму Facebook преку Instant Articles нуди можност за медиумите за прикажување на рекламите без блокирање, а во замена, покрај дел од заработката, социјалната мрежа ќе ги задржи читателите на своите сервери.

Иако блокирањето на реклами, ќе ги принуди сервисите да размислат да поработат на креирање реклами кои помалку ќе им пречат на читателите или реклами кои нема да можат да бидат блокирани. Неодамна YouTube започна со тестови за функција која прикажува реклами кои не можат да бидат прерипани доколку гледачот користи AdBlocker, но освен ова, може да се појави и понепријатен начин на рекламирање. Спонозорирани текстови за кои читателите можеби и нема да знаат дека се реклами, па дури и купување на рејтинг и повисоко прикажување на пребарувачите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk