Apple отстрани 300 инфицирани апликации од App Store

Повеќе од 300 инфицирани апликации се отстранети од AppStore кој вообичаено важи за побезбеден од Google Play, но последните вести велат дека апликациите не „против“ девелоперите, туку се и поопасни за самите корисници одошто првично се мислеше, јави Wired.

„Ги отстранивме сите апликации за кои знаеме дека се креирани со невезбедниот Xcode од App Store. Соработуваме со развивачите за да обезбедиме дека сите ја користат соодветната верзија на Xcode при надградбата на своите апликации,“ вели Кристин Морган од Apple.

Злонамерниот софтвер го открија неколку безбедносни групи, кои констатираа дека најголем дел од апликациите се популарни во Кина. Сепак со оглед на тоа дека се достапни глобално ова не е ниту утеха, ниту оправдание. Помеѓу инфицираните апликации се: Railway 12306 – апликација за купување на железнички билети и верзија на пополарната апликација за пораки WeChat, иако последната верзија на апликацијата е безбедна.

Првично експертите сметаа дека пропустот е безопасен за корисниците, но последното истражување покажа дека освен прибирање на податоци како ID на телефонот, напаѓачот може да испраќа команди до телефонот и да го активира.

Сите апликации се инфицирани преку заразана верзија на Xcode, кој безбедносните истражувачи го нарекоа XcodeGhost. Апликациите се отстранети од AppStore, но по неколкуте инциденти кои се објавија еден по друг, се чини дека полека се урива митот дека хакерите не можат да го пробијат iOS или OS X.

До пред овој инцидент, Apple отстрани самo пет малицозни апликации, јави Guardian. За жал од Apple нема точна бројка за апликациите кои се отстранети, но и детали за кои се дел зафатените со безбедносниот пропуст.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk